Општина Боговиње

From Википедија
Општина Боговиње
Општина
Знаме на Општина БоговињеГрб на Општина Боговиње
Map
ДржаваМакедонија
СедиштеБоговиње
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникБесник Емши
Површина
 • Вкупна141,65 км2 (54,69 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно22.906
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+044
Регистарски табличкиTE
Мреж. местоkomunabogovine.gov.mk

Општина Боговињеопштина во северозападна Македонија. Центар на општината е Боговиње. Општината е проширена со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година, кога кон поранешната Општина Боговиње е припоена и Општина Камењане.

Карта на општина Боговиње со селските атари.
Демографска карта на општина Боговиње со селските атари.

Географија[edit | edit source]

Општината граничи со Општина Тетово на север, Општина Брвеница на исток, Општина Врапчиште на југ и со Република Косово на запад.

Демографија[edit | edit source]

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 22.906 жители, 6.457 домаќинства и 7.759 станови.[2]

Етничка припадност[edit | edit source]

Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според изјаснувањето за етничката припадност
Етничка припадност Вкупно Удел (%)
Македонци 16 0,07
Албанци 20.475 89,39
Турци 803 3,51
Роми 0 0,00
Власи 1 0,0044
Срби 2 0,01
Бошњаци 6 0,03
останати 35 0,15
не се изјасниле 0 0,00
непознато 1 0,0044
лица без податоци 1.567 6,84
Вкупно 22.906 100,00

Вероисповед[edit | edit source]

Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед Вкупно
православни 3
муслимани 21.329
католици 2
христијани 0
протестанти 1
евангелисти 0
евангелисти-методисти 0
Јеховини сведоци 0
останати 0
евангелиски протестантски христијани 1
агностици 2
будисти 1
лица без податоци 1.567
Вкупно 22.906

Мајчин јазик[edit | edit source]

Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според мајчиниот јазик
Јазик Вкупно
македонски 936
албански 20.376
турски 9
ромски 0
влашки 0
српски 3
бошњачки 8
останати 5
знаковен јазик 0
непознато 2
лица без податоци 1.567
Вкупно 22.906

Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.

  • Дел од жителите во општината се изјасниле како Турци и Албанци, но всушност тоа се Македонци од муслиманска вероисповед, кои се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.

Самоуправа и политика[edit | edit source]

Градоначалник на општина Боговиње е Аљбон Џемаили од редовите на АА. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Боговиње е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  ДУИ: 7 места
  АА: 5 места
  БЕСА: 5 места
  ДПА: 2 места

Културни и природни знаменитости[edit | edit source]

Редовни настани[edit | edit source]

Личности[edit | edit source]

Култура и спорт[edit | edit source]

Иселеништво[edit | edit source]

Наводи[edit | edit source]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Cite error: Invalid <ref> tag; no text was provided for refs named ДЗС
  3. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски[edit | edit source]